СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал, а цело поранешно раководство и дел од сегашното е со обвиненија за криминал
19-06-2020 РЕГИОН

Со писмена реакција на вчерашната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци денеска се огласија од ОО на СДСМ. 

 

(интегрален текст)  Во изминативе три години гледаме дека во ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ништо не е променето од порано.

Имено ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува заробено во режимската матрица од периодот на десетгодишното владеење.

 

ВМРО-ДПМНЕ обвинува постојано за криминал, а целото нивно поранешно па дел и од сегашното раководство, се натрупани со разни обвиненија за криминал и корупција, а почесениот претседател на партијата им е осуден криминалец.

 

Како и во десетгодишното владеење така и денес ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се занимава со анонимни писма, со лаги и манипулации, со поделби на луѓето, хушкање, јавен линч, дискредитирање и уништување на цели семејства.

 

Без понуда, без проекти, без ништо, единствено лажни вести, деструкција, злоупотреби на институции и конструирани случаи.

 

Тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со таква понуда на 15-ти јули можат да се надеваат само на пораз од граѓаните.

Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот.

Режим – никогаш повеќе!



Share

Додади коментар