СДСМ: Беда е кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против покачување на минималната плата
14-11-2019 РЕГИОН

Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска се огласи со писмена реакција во врска со изнесените обвинувања на вчерашната прес конференција од претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев.

 

(интегрален текст) Почитувани сограѓани,  Манипулацијата и ширењето на лаги од страна на раководните структури на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци и понатаму продолжува.

 

Гоподине Јованчев,

Кога ги спомнувате вработените во образованието, кога ги спомнувате вработените во детските градинки, кога ги спомнувате земјоделците, кога ги спомнувате пензионерите, кога ги спомнувате здраствените работници, заборавате да кажете јавно пред граѓаните дека Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз секојдневно ги покачува платите во сите сектори на државата.

 

Покачени платите на вработените во детските градинки за 3 000 денари по вработен.

Покачени платите кај наставниот кадар за 20 проценти.

Покачени пензии за 900 денари.

Покачени плати кај здраствените работници, 25 % за специјалистите, а 10 % за болничарите.

 

Господине Јованчев,

 

Беда е кога пратениците од ВМРО ДПМНЕ, посебно пратеничката Весна Пемова ја блокира комисијата труд и социјална политика а со тоа го стопирате обештетувањето на стечајците.

 

Беда е кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ се против покачување на минималната плата

Беда е кога 11 години владеете, а една улица во Кавадарци неможете да асфалтирате.

Беда е кога 11 години владеете, а не успеавте еден мост во с. Ваташа да направите.

Беда е кога 11 години владеете, а една детска градинка не успеавте да отворите.

Беда е кога 11 години земате од џебовите на граѓаните, за да садите врби во Вардар.

 

Кога сме кај криминалот, Вие господине Јованчев треба да одговорите најпрво пред граѓаните:

-          За обвинувањата и кривичните пријави поднесени спрема поранешниот градоначалник Александар Панов,

-          За обвинувањата и кривичната пријава поднесени спрема поранешниот секретар Ќире Делов,

-          За обвинувањата и кривичните пријави поднесени спрема поранешниот лидер Никола Груевски,

-          За обвинувањата и кривичните пријави поднесени спрема поранешните министри поставени од вашата матична партија.

Господине Јованчев, целото ваше 11 годишно владеење се темели врз корупција и криминал.

 

Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз вистински се грижи за сите свои граѓани.

Мерките и политиките на СДСМ покажуваат и докажуваат дека сме на правиот пат!



Share

Додади коментар