„СДСМ е носител на одговорна власт. Нашата одговорност е потврдена во континуитет, а истата се потврдува и сега. Затоа, во овој период преземаме чекор за да им олесниме на сите граѓани веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страдаат граѓаните. Потребно ни е активно Собрание, потребни ни се активни институции“ порачаа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Кавадарци.
(интегрален текст) Домот на демократијата, домот на народните претставници во ваква ситуација мора да биде активен.
Ни треба целосно фунцкионална и политичка влада. Тоа треба да им го озовоможиме на сите, а пред се на граѓаните.
Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни, со сите државни и општествени капацитети насочени во справувањето со последиците од опасниот вирус КОВИД 19.
За да не страдаат граѓаните и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучивме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за одржување на избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.
15 јули е ден за гласање.
Ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која што влеговме.
15 јули е ден на кој граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат. Патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција.
Во време на сериозна пандемија Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како незрел, несериозен и неодговорен политичар чие однесување е закана за јавното здравје.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку прекршување на забраните, преку деструктивното однесување, преку лажните вести се обидуваа да го саботираат здравствениот, економскиот и политичкиот систем.
Граѓаните многу добро гледаат кој е одговорен, а кој не.
Кој се грижи за граѓаните, а кој не.
За неодговорното и незрелото однесување кое е на штета на државата, на 15- јули Мицкоски ќе ја добие казната од граѓаните, и ќе биде испратен во политичка пензија.
Додади коментар