Секторот за ватрешни работи Велес апелира до граѓаните за зголемена внимателност и претпазливост при управување на моторните возила и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено апелираме на прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот и држење страна на движење поради појава на смрзнат и лизгав коловоз.
Изминатиов викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес регистрирани се 11 сообраќајни несреќи надвор од населено место, во кои шест лица се здобиле со телесни повреди и причинета е поголема материјална штета .
При тоа:
-на регионалниот пат Велес-Градско регистрирани се две собраќајни несреќи;
-на магистралниот пат Градско-Прилеп регистрирани се четири сообраќајни несреќи;
-на магистралниот пат Велес-Градско регистрирана е една сообраќајна несреќа;
-магистралниот пат Градско-Велес една сообраќајна несреќа;
-магистралниот пат Демир Капија- Удово една сообраќајна несреќа ;
-на локалниот пат Велес-езеро Младост регистрирана е една сообраќајна несреќа;
-локалниот пат Кавадарци- м.в. Мушов гроб една сообраќајна несреќа.
Воедно потсетуваме и на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во периодот од 15.11 до 15.03 следната година.

Додади коментар