СВР Велес: Ниту е пријавен поткуп во Велес, ниту сме постапувале!
14-07-2020 РЕГИОН
Во врска со информацијата обајвена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните, Ве известуваме дека во СВР Велес ниту е пријавен таков настан ниту пак е постапувано за таква работа.
Апелираме до овие медиуми да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк. За сите потребни информации стоиме на располагање на медиумите. - стои во реакцијата од СВР Велес.
Додади коментар