СВР Велес: За време на изборите беше мирно
14-04-2014 РЕГИОН

Според сите согледувања на Оперативниот штаб при МВР како и регионалниот штаб во СВР Велес кој во континуитет ги следеше состојбите на теренот, избирачкиот ден се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера, стои во официјалното соопштение кое по наше барање го добивме од потпаролот на СВР Велес Антита Стојковска. На подрачјето на СВР Велес полицијата интервенираше во еден случај по барање на избирачкиот одбор, кога на гласачко место во село Криволак лицето Д.Д.(34) од село Криволак под дејство на алкохол (3 промили алкохол во крвта) искршил гласачка кутија. Истиот е приведен и задржан во Полициска станица Неготино и во текот на денешниов ден (14.04.2014година) истиот заедно со кривична пријава за кривично дело „спречување на избори и гласање“ ќе биде изведен пред надлежен суд, информира Стојковска.

Од СВР Велес побаравме и информација, колку од граѓаните аплицирале за издавање на лична карта со оглед на тоа дека за таа намена службите на МВР работеа и изминатите два дена.Во соопштението стои дека на ден  12.04.2014година (сабота) во Одделенијата за управни работи на територијата на СВР Велес примени се вкупно 38 барања од граѓани за издавање лична карта (по било кој основ) . Сите 38 барања беа изготвени по итна постапка и во текот на вчерашниот ден (13.04.2014година) им беа дадени на граѓаните.При тоа, во Велес се примени вкупно 18 барања, во Кавадарци вкупно 11 барања и во Неготино вкупно 9 барања за издавање лична карта, потврдува за ктв потпаролот на СВР Велес , Анита Стојковска.

 M.M



Share

Додади коментар