СВР Велес: Внимавајте при купување дрва за огрев!
04-09-2020 РЕГИОН
Од СВР Велес ги известуваат граѓаните дека е зачестена појавата на измами при купување на огревни дрва. Во повеќе случаи, најчесто кај постари лица, им се нудат огревни дрва по примамлива цена и откако ке ги земат парите лицата, наводи продавачи, заминуваат и повеќе не се враќаат, а дрвата никогаш не им ги доставуваат.
„Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни при купување на огревни драва, се додека не ги добијат истите, да не вршат плаќање на непознатите лица кои се претставуваат како продавачи“ стои во известувањето од СВР Велес.
А.Д

Додади коментар