Со оглед на отпочнатата берба на грозје и зголемените активности по лозовите насади и другите земјоделски култури, а со тоа и зголеменото учество во сообраќај на земјоделската механизација - трактори и приколки, евединтирани се сообраќајни незгоди во кои како учесници и причинители на незгодите се оваа категорија на возила.
Отсекот за превенција при СВР Велес упатува апел до сопствениците и возачите на трактори и друга земјоделска механизација, пред да ги вклучат возилата во јавен сообраќај, да ги доведат во технички исправна состојба, односно да се технички исправни во поглед на системот за кочење и сигнализацијата т.е. да се пропишано осветлени, да бидат регистрирани, а возачите да поседуваат важечка возачка, се со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.
Од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и понатаму ќе се продолжи со превенирање преку реализирање на сообраќајно - воспитните акции кон овие возачи, а додека од страна на Полициските станици и одделенија за безбедност на патниот сообраќај ќе се санкционираат возачите кои и понатаму нема да ги почитуваат предвидените законски прописи.
Додади коментар