Свлечиштето кај Неготино и натаму активно
30-10-2013 РЕГИОН

Водата за наводнување е сопрена уште на 22 септември а вода сепак извира кај свлечиштето кое беше регистрирано на патот од Неготино кон неготинското село Курија.

 


-Дождови нема а сега дури повеќе извира вода отколку во летниот период, вели Горан Цветков, претседател на водната заедница Криволак.
Стручни лица веќе излегле на терен за да ја согледаат состојбата, кажува Ѓоке Темелков, градежен инжењер во Одделението за комунални работи и сообраќај при неготинската локална самоуправа.
-Потребни се понатамошни истражувања за причините за свлечиштето и соодветни интервенции. Затоа од наша страна го информиравме Центарот за управување со кризи за проблемот, вели Темелков.

 


Портпаролот на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова информира дека Центарот ги има известено сите надлежни институции кои се повикани да дадат свој придонес во надминување на проблемот.
-Ние континуирано ја следиме состојбата со свлечиштето и правиме се што е во рамките на нашите надлежности, нагласува Вчкова.
С.Д.



Share

Додади коментар