Големо свлечиште утринава направи штета во фабриката за производство на пиво на комапнијата „Кожувчанка„ во селото мрежичко. Од комапнијата велат дека штетите се огромни и дваесетина дена производството на пиво ќе биде во застој. Денеска веднаш се започна со санирање на штетите.
Огормна количина земен нанос го пробил ѕидот на фабриката и навлегол во производните погони. Има оштетување и на опремата за производство на пиво.
„Штетата е огромна. И во изминатиот период имавме интервенирано на ова земјиште, но лизгањето на земјата не престана. Досега имаме исчистено околу 2,5 илјади кубни метри земја и кал. Земја има навлезе во главните варилници. Се претпоставува дека внатре има над три илјади кубика земјен материјал. Веднаш почнавме со акција за санирање на штетите. Се мобилизравме и ние и градежните комапнии. Работната рака е од кај нас. Штета ќе мора сами да ја отстраниме. Се надеваме дека за 15 дена нашето производство ќе продолжи“ рече комерцијалниот директор Лазар Којчев.
Тој нагласи дека комапнијата сама ќе ги сноси трошоците за санирање на свлечиштето и повторно ставање во функција на целата опрема која исто така има оштетување. Досега во фабриката биле инвестирани 1,2 милиони евра.
Пивото од комапнијата „Кожувчанка“ од почетокот на овој месец е присутно во трговската мрежа во Кавадарци, Кочани и Штип. Како што информираше Којчев плановите на компанијата биле да се проширува производството, но сега мора прво да ги санираат штетите со кои се соочија поради оваа елементарна непогода.
„Произвведеното пиво досега се надеваме дека ќе биде доволно за пазарот кај што го продаваме. Има хаварија и на техноилогијата, по санирање на штетите ќе продолжиме со производството“
текст и фото: Ангел Данов
Забрането е превземање на делови од текстот или фотографии без претходна согласност од телевизија КТВ.
Додади коментар