Свечена седница на советот на општина Неготино
07-11-2014 РЕГИОН

ВО РАМКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПРЗНИКОТ 8 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА НЕГОТИНО, ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „ АЦО ЃОРЧЕВ “ НЕГОТИНО,  ДЕНЕСКА СЕ ОДРЖА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО.

На предлог на Комисијата за доделување награди и признанија при општинскиот совет, советниците во Советот на општина Неготино на одржаната редовна седницата ја усвоија одлуката за доделување на признанијата по повод празникот на општината.

 

Првиот човек на општина Неготино Ванчо Апостолов на овогодинашните добитници им ги додели наградите и признанијата. Признанијата за 2014-та година им беа врачени на  Лукас Мурингер – менаџер на ДММ Дрекслмајер Мануфактурниг Македонија, Здружението на граѓани Ековита од Неготино, младиот планинар Ване Бошев, магисттрантот  Ристе Волчев и Центарот за регионален одржлив развој од Неготино.

Сите присутни на свечената седница имаа можност да погледнат аудио-визуелн материјал на кој беше прикажана работата на првиот човек на општината, како и остварувањата на ветените проекти во рамки на предвидената програма.

 

Инаку, признанијата им се доделуваат за остварени резултати од областа на стопанството, науката, спортот, културата и техничката култура помеѓу двата празника и нивниот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино.

Maja Алекосвска



Share

Додади коментар