-Наградата ” 7 Септември “ се доделува на физички и на правни лица за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, за посебен придонес за развојот на општината и нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот, појаснуваат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.
На ученици и студенти, наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.
Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
Седницата ја отвори претседателот на Советот Ристо Сакалиев, а пред присутните се обрати и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Тој се наврати на деновите на ослободувањето и за жртвите кои со крв ја платиле слободата, а оставиле аманет за грижа за неа и за Кавадарци.
Додади коментар