Со интонирање на химната на република Македонија и со едно минутно молчење за почит кон паднатите борци денеска започна свечената седница на советот на општина Кавадарци, по повод денот на ослободувањето.
Градоначалникот Митко Јанчев говореше за растот и развојот на Кавадарци. Во своето обраќање нагласи дека општина Кавадарци е транспарентна општина, редовно информира за сите реализирани проекти. Посочи дека 96 отсто од изборната програма е реализирана, а реализирани се и проекти кои не биле во неа, а се од значење за граѓаните.
„Кавадарци е пример во Република Македонија. Локалната самоуправа целосно е посветена на создавање на подобри услови за живот на жителите на општина Кавадарци“ рече меѓу другото во своето обраќање претседателот на советот, д-р Стојанчо Рамов.
На свечената седница се додели највисокото општинско признание, наградата 7 ми септември. Годинава ја добија Љубица Мешкова – Солак, за особен придонес во уметноста и културата, музеј галерија Кавадарци за особен придонес во културата и културното наследство, Сашко Димовски, за особен придонес во областа на безбедноста на територијата на Општина Кавадарци и спортскиот новинар Мики Виденовиќ за придонес во новинарството.
Добитниците се заблагодарија за укажаната чест од општината и сите ветија дека ќе продолжат да работат на афирмација на градот и општината во наредниот период.
На свечената седница настапија Слободанка Танева и професори од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ Кавадарци.
A.Д
Додади коментар