Светски ден за борба против туберкулоза
24-03-2015 РЕГИОН

Согласно препораката на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина и годинава кавадаречкиот црвен крст се приклучува кон одбележување на  светскиот ден за борба против туберкулозата. Мотото овој пат е ,,Секој живот се брои, да ги опфатиме сите заболени со туберкулозата,,.

 

Податоците велат дека секоја година 9 милиони луже заболуваат, а 1,5 милиони луѓе умираат од ова заболување. Светскиот ден велат надлежните е можност да се мобилизира политичката и социјална заложба за напредок кон елиминирање на туберкулозата како јавно здравствен проблем и да се забрза прогресот кон остварување на крајната цел за ерадикација на туберкулозата до 2035 година.

Со цел да се даде допринос во континуираните напори за намалувањето на смртноста и заболеноста од туберкулоза во нашата земја од кавадаречкиот црвен крст велат дека денеска со низа активности првенствено ќе се буди свеста кај населението за туберкулозата како заболување.

Низ централното градско подрачје на случајните минувачи млади од клубот на млади при црвен крст денеска им делеа едукативни флаери. Се едуцираа граѓаните за симптомите на туберкулоза, причинителите, превенцијата, начинот на лекување. Преку типизирани предавања учеа и основците, а предавање на тема туберкулоза следеа и младите активисти на црвениот крст во просториите на кавадаречката организација. Од таму велат дека секој значаен датум ќе се одбележува и оваа 2015 година. Преку кампањи ќе се потенцира значењето за навремена грижа за сопственото здравје и значењето на превенцијата.

М.Младенова



Share

Додади коментар