Светлечки сообраќајни знаци за поголема безбедност во сообраќајот во Кавадарци
15-02-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци релизираше нов проект за подобрување на безбедноста во сообраќајот . На повеќе клучни сообраќајни точки се поставени 10 предупредувачки светлечки сообраќајни знаци . Знаците се донација од Ротари клуб Кавадарци, „Кожувчанка“ и „Вирлиос компани“.


Станува збор за најсовремена ЛЕД технологија заснована на софтверско решение изработено од информатичарите во фирмата донатор „Вирлос компани“, која комплетно ги изработи и куќиштата на знаците со електриката и електрониката во нив.


Знаците се програмирани да известуваат за брзината на возилата по градските улици почнувајќи од максималната дозволена од 40 километри на час. Новите знаци имаат предупредувачка и воедно образовна улога. За возачите кои ги почитуваат правилата ќе се појавува смајли иконичка со насмевка, а за оние што ја пречекоруваат дозволената брзина смајлито ќе биде намрштено и гневно во зависност од тоа колку е пречекорена дозволената брзина.


Од „Вирлиос компани“ велат дека оваа технологија која во Кавадарци се применува за прв пат, дава можност за нејзино користење во најразлични намени поврзани со предупредување и информирање на учесниците во сообраќајот и граѓаните.



Share

Додади коментар