И годинава Св.Трифун свечено ќе го одбележи ЗШУЦ Ѓорче Петров Кавадарци. Училиштето од кое докажано излегуваат најдобрите стручњаци во областа на винарството останува верно на традицијата која од самиот почеток успева да ја вкорени и во своите ученици. Св.Трифун во Ѓорче Петров ќе се слави утре, а по втор пат во рамки на манифестацијата во училиштето партнерски се вклучува и здружението на граѓани Винотек од Кавадарци.Винотек соработката со овој училишен центар ја започна и тоа доста успешно минатата година, а од здружението велат плодната соработка со заеднички активности ќе резултир и годинава односно утре. На организираната манифестација Св.Трифун утре во училиштето ќе се изврши традиционалното закројување на виновата лоза, чин со кој ќе биде означен и почетокот на уште една сезона во лозарството, а потоа ќе се дегустира и оценува вино и ракија.
Учесници на дегустацијата и годинава се учениците и училиштето.Учениците со произведените вина и ракија во своите домашни мини винарии, а училиштето со вината и ракиите подготвени во училишната винарија. Активно на дегустацијата дознаваме од организаторот ќе учествуваат и педесетина вина на здружението на граѓани Винотек, а ќе оценува стручен тим, комисија составена од професори во земјоделската насока. На почетокот од дегустацијата ќе се оценуваат производите на учениците, а потоа и вината на Винотек. Критериумите велат од училиштето и годинава остануваат исти, учесниците учествуват анонимно, односно под шифри, а својот идентитет го окриваат по објавувањето на резултатите. Ќе се оценува квалитетот, бојата, мирисот и вкусот, сите компоненти кои даваат впечаток на квалитетно подготвено вино или ракија вели за ктв професорот Горан Керов. Од ЗШУЦ Ѓорче Петров информираат дека и годинава за најдобрите обезбедени се пригодни награди и признанија.
Mилица Младенова
Додади коментар