Свети Трифун го одбележаа и најмладите од градинка
15-02-2019 РЕГИОН

 

 

Празникот на лозарите Свети Трифун вчера се одбележа и во детската градинка „ Рада Поцева “ со закрокјување на виновата лоза .

 

Се реализираше и работилница на тема „Здрава храна “ од фирмата Дивинум -приме маџун од Кавадарци која произведува маџун.

 

„ Целта на работилницата   беше  запознавање   на децата   со здравиот  начин на  исхрана ,   како и воведувањето  на маџунот во исхраната  уште од  најрана возраст. Се подготвуваа   палачинки  со фил од маџун со разновидни јаткасти  плодови“ информираат од градинката.

А.Д

 



Share

Додади коментар