Санирани ударните дупки во Неготино
17-06-2015 РЕГИОН

Во рамките на реализацијата на годишната програма за комунални дејности на подрачјето на општина Неготино за 2015-та година, во изминатиот период по налог на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се изврши санирање на ударните дупки на улиците во градот. Како што информираат стручните служби кои беа вклучени во оваа активност, за санирање на сите ударни дупки се потрошени околу 25 тони асфалт.

 

Приоритет беше даден на најфреквентните улици во Неготино, улицата „Маршал Тито“ и „Партизанска“, а потоа се пристапи кон санирање на ударните дупки и на останатите улици со отстранување на стариот асфалт, чистење на дупките и вградување нов слој асфалт.

Со завршувањето на оваа активност обезбедени се услови за нормално одвивање на сообраќајот, а зголемена е и безбедноста на сите учесници во истиот.

 

Маја Алексовска



Share

Додади коментар