Саниран е дефектот на каналот на Водостопанство Тиквеш
10-08-2013 РЕГИОН
Сите корисници кои ги наводнуваат нивите на овој потег денеска имаат нормално водоснабдување.
- Неодговорни лица со разни предмети го затнале каналот за наводнување на потегот кон селото Возарци и месноста Рамнина кај селото Дреново. Направиле огромна штета не само на системот, туку и на околните ниви кои беа поплавени. Водата во каналот прелила и се скинале 25 метри од каналот, велат од „Тиквеш“.
Ова, според нив, не е прв случај на оштетување на системот за наводнување, но хаварија од ваков обем се случува прв пат. - Ќе преземеме уште поголеми мерки за заштита на каналската мрежа, а за сите што ќе ја оштетат, ќе има санкции, нагласуваат од водостопанското претпријатие.
С.Д
Додади коментар