Санација на полски патишта и хортикултурно уредување во Кавадарци и на градскиот стадион
04-05-2020 РЕГИОН

Од прес службата на општина Кавадарци денеска информираа за повеќе активности кои се реализираат во општината.

 

Службите на ЈП Комуналец активно работат на хортикултурно уредување во град Кавадарци. Хортикултурно се уредува и градскиот фудбалски стадион покрај градежните активности. Утре се очекува да се започне со фарбање на оградата и трибините.

 

Континуирано се врши санирање на полски и локални патишта. Денес се санираат патишта во населба Голеш на Тиквешкото езеро.

 

Денес се работеше и на локален пат до с.Радња. Целата механизација и сите активности се донација од фирмата ЈА--МИ. Се работи на проширување, израмнување и тампонирање на локалниот пат до с.Радња – информираат од општината.



Share

Додади коментар