Само силен и почитуван парламент може реално да ја врши контролната функција врз владата и во оваа смисла да има реални и ефикасни економски и севкупни реформи. Пратениците, како директни избраници на народот се должни да одржуваат постојани контакти со своите гласачи и да ги преточуваат нивните барања и иницијативи до Владата или во конкретни законски решенија, особено на економски план“, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на 10. Конференција на претседатели на парламентите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, која се одржува во Охрид.
Вељаноски на првата пленарна сесија посветена на новите предизвици произлезени од економската криза и улогата на националните парламенти во справувањето со проблемите и предизвиците истакна дека економската криза има силно влијание и на нашиот регион.
За да можат целосно да ја играат улогата на клучна институција во политичкиот систем, како што додаде Вељаноски, парламентите треба реално да бидат респектирани од сите субјекти во политичкиот процес, и од домашните и од надворешни чинители.
извор: Утрински Весник

Додади коментар