Четири пожари на отворен простор избувнаа во текот на вчерашниот ден. Според првичните проценки сите пожари се подметнати, што значи причина за избувнувањето е човечки фактор.
Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци навремено беа локализирани и изгаснати пожари над градската депонија Мелци, во Росоман, пред ресторанот Вила Бела и на Калчев рид, село Сопот.
Пожарникарите апелираат до граѓаните за одговорно однесување. Да се воздржат од неконтролирано палење на оган на отворен простор, но и од подметнување на пожар, бидејќи штетата е голема за сите. Се загадува воздухот, но и се уништува општествен имот. Надлежните институции се децидни, дека сите кои ќе бидат откриени дека намерно предизвикале пожар ќе бидат соодветно санкционирани.
Поради не одговорен однос, ова лето ТППЕ Кавадарци интервенираше во гасење на десетици пожари, кои за среќа поради професионалниот однос на пожарникарите не беше дозволено неконтролирано да се шират пламените јазици.
А.Д
Додади коментар