Само 1200 невработени лица во Кавадарци досега се пререгистрирале
27-03-2014 РЕГИОН

До 31 март годинава сите невработени лица и лицата со ниски примања имаат законска обврска да извршат пререгистрација во подрачните единици на ФЗОМ. Од подрачната единица во Кавадарци информираа дека заклучно со денешниот ден одзивот е слаб и апелираат граѓаните да си ја завршат својата обврска во предвидениот рок.

„Досега се пререгистрација извршија 1200 осигуреници, а минатата година таа обврска за завршија 3800 осигуреници. Уште еднаш апелираме граѓаните кои подлежат на ваквата обврска да се обратат до нашата подрачна единица најдоцна до понеделник, како од први април не би останале без здравствено осигурување“ рече раководителот на подрачната единица на ФЗОМ Кавадарци Снежана Јованова.

Од ФЗОМ  исто така ги известуваат осигурениците дека во подрачните единици во Кавадарци и Неготино е пристигната нова пратка со електронски здравствени картички кои осигурениците можат ги подигнат секој работен ден. Исто така сите осигуреници кои досега не поднеле барање за електронска здравствена картичка истото да го сторат во најкраток рок.

А.Д



Share

Додади коментар