Саемот за вон училишни активности на 15 октомври
09-10-2014 РЕГИОН

Во среда, на 15 октомври, во организација на општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци, ќе се оддржи третиот по ред саем за вон училишни активности.На овој саем можност да ја претстават својата работа ќе имаат сите спортски клубови, културно уметнички друштва, невладини организации, музичкото училиште „Лазо Мицев Рале,“ школите за странски јазици и модерни танци, градската библиотека „Феткин“ и други клубови каде младите можат корисно да го поминат своето слободно време.

 

Се очекува саемот да го посетат околу 4000 ученици од сите училишта кои ќе имаат можност да видат и да одберат каде се може да се зачленат и да го поминат своето слободно време.Саемот во зависнот од временските услови планирано е да се  оддржи на градскиот плоштад или во спортската сала „Партизан“ е отворен за сите граѓани.Оние кои сакаат да ги претстават своите активности, а сеуште не се пријавиле може да го сторат тоа најдоцна до утре. Пријавувањето се врши во просториите на локалната самоуправа или на тел. 072-307-228, кај секретарот на Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци.

 

М.М



Share

Додади коментар