По 4 пат се одржа саемот за вон училишни активности во организација на Советот за превенција против малолетничко престапништво на општина Кавадарци. Учествуваа над 30 спортски клубови, организации,НВО. Организаторот е задоволен од постигнатата цел. Саемот го посетиле над 4000 ученици.
„Саемот претставува најголема превенција за младите . Свои штандови имаа околу 30-тина спортски клубови и организации од Кавадарци. Околу 4.000 ученици од сите училишта во имаа можност да изберат каде ќе го поминат своето слободно време надвор од училишните обврски. Голема благодарност за подршката од локалната самоуправа, сојузот на спортови на Кавадарци и секако до сите основни и средни училишта, без чија подршка не би било се онака како што беше добро“ вели претседателот на Советот за превенција од малолетничко престапништво, Димитар Каракулев.

Додади коментар