Руска филмска продукција снима филм во Тиквешко
15-06-2015 РЕГИОН

 Дванаесет деца патуваат  низ Вошебната шума , паѓаат во бездна  и отогаш почнува нивната авантура  во која е вклучен и еден волшебник. Во текот на  нивното патување  тие мора да поминат многу искушенија, тестови, така растат, се развиваат,  созреваат и стануваат  добри и храбри  луѓе. Тоа е накратко сценариот за овој филм  кој за работната верзија барем засега го има насловот „Ред на нештата“ - вели авторот на проектот и продуцент Олга Амелјанска од филмското студио „Мастер“ од градот Јекатеринбург.

 

Таа открива дека благодарение на  нејзиниот стар и добар пријател планинарот  и алпинист Александар Кленов кој подолго време престојува во Македонија ,  тие доаѓаат  во Демир Капија    со цела екипа од четириесетмина  членови , филмски работници , психолози педагози и едукатори  за деца како и деца актери за да го реализираат овој проект кој не е од комерцијален карактер. Станува збор за проект кој го финансираат родители  а ќе има примена во воспитно екукативни цели  за обука   и   да им се помогне на децата да  го разликуваат доброто од злото . Екипата престојува во Демир Капија за која филмскиот снимател Сергеј Гаврилов вели дека е изненадувачки привлечно место и досега се оди лесно и природно. Освен ј   на Демиркапијаската клисура  филмот се снимаш два дена  и  на Тиквешкото Езеро, во манастирот во Пирава,  потоа ќе се снима и во селото Клисура прилепско.

                Русинот Алексанадр Кленов  како искусен алпинист секојдневно им помага  во снимањето   особено на планинските  и карпести предели   за да мож филмот да се заврши во планираниот рок  3 седмици колку што филмската екипа од Русија е предвидено да престојува во Демир Капија.За најмладата филмска публика тие во саботата во Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија  овозможија проекција на  филм за деца кој е носител  на наградата за филмска камера „Златен витез“  . проекцијата воедно беше можност да се разговара за  македонската и руската култура и воопшто за филмот како медиум.  

                  Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар