Ротаријанците донираат за реновирање на Народна техника
20-11-2014 РЕГИОН

Ротаријанците од Кавадарци се единствените кои се сетија дека е потребно реновирање на просториите на Нардона техника, дом каде се надградуваа многу ученици и прераснаа во професионалци, место каде допрва треба да се шири техничката култура. Тие понудија донација за средување на просториите и доопремување на кабинетите со цел учениците да имаат подобри услови за работа и опрема со која полесно ќе ги совладуваат техничките вештини. Ротаријанците започнаа да го реализираат проектот под мотото „За децата на Кавадарци“ – Да ја градиме и развиваме техничката култура кај нашите деца.

„Благодарни сме за оваа донација. Ќе се сменат прозорците на кабинетите кои се дотрајани. Исто така ќе се обнови подот со ламинат, а ќе се набави и посовремена опрема за кабинетите“ рече секретарот на Народна техника, Младен Марковски.

„Ротари клубот Кавадарци изминативе пет години, во рамките на своите програмски активности  реализира повеќе проекти насочени кон подобрување на условите за живеење и помагање на оние на кои помошта им е најпотребна  во рамки на локалната заедница во која сите делуваме. Во тој контекст и оваа 2014 година е поставена програмска цел, средствата собрани по основ на членарини и донации од своите членови, доброволни донации од организации во кои тие работат и донации од пријателите на ротари клубот, да ги насочи кон обнова и опремување на домот на Народна техника во Кавадарци. “ велат од Ротари клубот.

Речиси нема граѓани кои не се сеќаваат дека првите чекори во светот на науката и техниката се почнуваа во оваа установа чии простории по седум децении постоење за прв пат ќе се реновираат со помош на роатријанците.

Ангел Данов



Share

Додади коментар