По повод 6 годишнината од формирањето на Ротари клубот Кавадарци, во Банско, Р.Бугарија, од 13 - 15 март 2015 г. е одржана традиционална средба на ротаријанците и нивните пријатели, со учество на членови на ротари клубот Неготино и побратимениот ротари клуб Петрич.
„Беа присутни околу 80-тина ротаријанци и нивни пријатели. Ова беше добра прилика за дружење, продолжување на соработката и зацврстување на врските меѓу ротаријанците. Разгледани се можностите за заеднички проекти во областите од животот каде што пројавуваат интерес и имаат активности ротари клубовите. Ова беше и можност да се промовираат новите членови на клубот и им беа доделени значки.Средбата помина во извонредно добра атмосфера на задоволство на сите присутни“ информира престедателот на Ротари клуб Кавадарци, д-р Драги Јованов.
Ротари клубот од Кавадарци од своето формирање досега бележи бројни хуманитарни активности за помош во заедницата.
А.Д

Додади коментар