Росоман со јавен повик до невработените да се вклучат во програмата за општо корисна работа
02-08-2018 РЕГИОН

 

Општина Росоман ги повикува сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни лица како и деца во предучилишна возраст” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да се долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност, жени припадници на помалите етнички заедници, лица припадници на ромската етничка заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, лица со незавршено средно или пониско образование.

 

Со овој оглас се опфатени работни позиции за помошник за давање услуги во домашни услови – негователи. Лицата кои ќе бидат вклучени во програмата ќе им пружаат елементарна помош и грижа на старите и изнемоштените, како и инвалидизирани лица. Ќе набавуваат и доставуваат храна, лекови, плаќање на месечни сметки.

 

Заинтeресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци во периодот до 14август годинава.

A.Д

 



Share

Додади коментар