Росоман го одбележа денот на општината
17-12-2013 РЕГИОН
Росоман денеска го одбележа празникот на општината – 17 години постоење на општината. По тој повод беше отворен граѓански центар каде граѓаните полесно ќе доаѓаат до потребните услуги, рече градоначалникот Стојанче Лазов.
Се одржа и свечена седница на која претседателот на советот Марјан Пенчев ја истакна одличната соработка меѓу советниците и градоначалникот. Свечен говор по повод општинскиот празник имаше и градоначалникот Стојанче Лазов кој се осврна на досега реализираното и приоритетите на општината за следната година.
На свечената седница беа доделени и признанија на заслуѓни граѓани кои ја афирмираат општината, а наградата 17 ти декември ја доби Пене Александров.
Додади коментар