Роми дојдени од други градови им го реметат мирот на кавадарчани
13-06-2015 РЕГИОН

Подолг период  жителите од зградите „Белка“ и вилите во непосредна близина на „Тенеќе маало“ во Кавадарци  се соочувале со кражби, физички напади и малтретирање од ромите кои се населени во Кавадарци во последните години од други градови. Нивните проблеми беа повод вчера да одржат заеднички состанок со градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, претседателката на советот, Горица Пеливанова-Вилхелм и командирот на кавадаречката полиција Борче Мустеников. Добија ветување дека локалната самоуправа работи на решавање на овој деликатен проблем.

 

-          Oвој проблем е проблем кој се провлекува неколку години наназад и активно на него работиме од пред две години, кога бев  дополнително известен дека се работи за мошне сериозен проблем,  кој самите тие луѓе неможат да го решат. Имено се работи за луѓе кои се половина од Кавадарци а другата половина се луѓе дојдени од други градови во Кавадарци, кои можеби заради криминалните досиеа кои ги имаат таму и заради начинот на живот кој го  прифатиле се одлучиле нивниот живот да го насочат кон кражби и малтретирање на населението во тој регион. Подолго време се обидувам да изнајдам одредени начини, модалитети за решавање на овој проблем. Еден од начините беше нивно дислоцирање од таму и враќање на оние кои не се од Кавадарци таму  од каде што дошле. Беше многу тешко да се изнајдат контејнери каде ќе се сместат. Уште потешко е да се дислоцираат на друг крај од градот. Регираат луѓето од другото место каде би сакале да ги дислоцираме. Стоиме на располагање да го решиме проблемот,  со набавка на осум контејнери,  бидејќи има луѓе кои се од Кавадарци. Тоа место кај што се сместени сега е предвидено за изградба на пат.“ вели градоначалникот Александар Панов.

 

Револтираните граѓани на состанокот со надлежните отворено говореа за своите проблеми. Рекоа дека животот им е тежок бидејќи секојдневно имаат проблем со насилните роми. Не се задоволни од активноста на полицијата за решавање на овој проблем. Иако редовно пријавувале во полиција, сепак се толерирале криминалните дејанија на овие жители кои се дојдени од страна и им го реметат мирот на кавадарчани. Се поажалија и дека мали деца- ромчиња возеле брзи коли без да се положени и без колите да се регистрирани. Исто и тоа било голема опасност бидејќи буквално дивееле со возилата, а полицијата не превземала ништо.

 

-          Живееме во средина кај што има детска градинка, основно и две средни училишта,  интернат, факултет и најубавата населба, зеленило, вили, згради. Во средината на тој рај се наоѓа едно племе,  кое не знајме ни од кај се ниту пак знаеме нешто за нивниот идентитет. Соочени сме со секојдневни кражби, напади на деца. На местата на зеленилото врзуваат коњи и друга стока. Во дворовите на училиштата си играт само нивните деца. Ни едно дете неможе да помине на улицата. Се напаѓат нашите деца. Им се земаат пари, телефони. Секојдневно се напаѓаат девојчиња од сите возрасти. Нема еден од овие што сме овде а да не е ограбен“ се пожали пред  камера еден од жителите кои секојдневно живее со овој проблем.

 

Командирот на полицијата, Борче Мустеников им даде ветување на пристутните граѓани на состанокот дека полицијата ќе ги разгледа сите поплаки. Тој нагласи дека и досега полицијата постапувала согласно законските овластувања по секоја пријава од граѓаните.

Во дивата ромска населба „Тенеќе маало“ покрај роми кои живеат со години во Кавадарци во поселндниот период се населиле  дваесетина фамилии роми од повеќе градови, дел од нив немале ниту документи за идентификација.

 Советот на општина Кавадарци во рамкии на 31 редовна седница  даде едногласа подршка на одлуката за да се издвојат 1,5 милион денари за набавка на контејнери за домување во кои ќе се сместат осум ромски семејства од дивата ромска населба „Тенеќе маало“ во Кавадарци. Исто така градежниот и комуналниот инспектор добија задолжување да постапат согласно своите овластувања за да се дислоцираат диво населените роми во населбата. За поздравување е единството на советот по однос на ова горливо прашање.

 

„Максимално сме посветени на решавање на проблемот на кој се жалат жителите кои живеат во близина на дивата ромска населба. Апелирам до ромското население кое го узурпираше тој простор околу улиците „Димката Ангелов Габерот“’, “Видео Смилевски“ и „Нако Лазовски“ во рок од еден месец да се дислоцираат. На тој простор по барање на оштетени граѓани ќе патролира полицијата. Откако ќе се ослободи тоа узурпирано земјиште  ќе ни биде потребно за идни комунално-урбанистички активности“ рече градоначалникот Александар Панов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар