Рокот за субвенции е до крајот на јуни
05-06-2015 РЕГИОН

Веднаш по објавувањето на веста дека рокот за аплицирање за субвенции е продолжен за уште еден месец, земјоделците се опуштија. Ги нема повеќе гужвите пред подрачната единица на МЗШВ во Кавадарци иако сеуште е голем бројот на земјоделци кои ги немаат поденесено барањата за субвенции.

 

Раководителот на подрачната единица Зоран Шалев  вели дека земјоделците независно што е продолжен рокот треба навреме да си ја завршат обврската.

 

„Не е во ред што секогаш се  чека последниот рок за поднесување на барања за субвенции. На тој начин се создават големи гужви пред подрачната единица непотребно. Затоа апелирам од понеделник земјоделците кои не аплицирале, да дојдат и да си ја завршат обврската за да не се создават непотребни гужви псоледните неколку дена“ рече   Шалев.

 

Првично обврската за поднесување на барања за субвенции беше до крајот на мај, но поради големите гужви кои се содадоа МЗШВ донесе одлука рокот за аплицирање да биде продолжен до крајот на месец јуни.

Ангел Данов



Share

Додади коментар