По повод меѓународниот ден на жената 8ми Март, сообраќајните полицајци во Велес при вршење редовна контрола на сообраќајот во градот, на жените возачи симболично со рози им го честитаа празникот.Би сакале да нагласиме дека жените возачи се покажаа како многу примерни и дисциплинирани возачи, односно, сите- без исклучок го користеа сигурносниот појас и ги почитуваа сообраќајните правила и прописи, меѓу другото истакнува потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
Не беа заборавени ниту жените возачи од Тиквешијата односно Кавадарци и Неготино.Потсетуваме по повод 8 ми март за нив беше организирано вешто возење на полигон. И кавадарчанки и неготинки се покажаа за одлични и дисциплинирани возачи. Иницијативата за вакво дружење, но и потегот роза за жените возачи ја поздравуваат сите граѓани.
Милица Младенова

Додади коментар