Родот на лозјата во Македонија годинава се проценува на околу 200 милиони килограми грозје, соопшти денес во Кавадарци магистер Диме Златев, стручњак за лозарство.
-Лозјата се глобално во добра состојба. Квалиететот на грозјето е извонреден. Лозарите очекуваат за квалитетно грозје да добијат и добра цена и солидни услови на плаќање за откупениот род. Има одредени региони во кои поради сушата ќе биде намалено производството на грозје. За разлика од ланските околу 100 милиони килограми виснко грозје во Тиквешко, годинава се очекуваат некаде околу 80 милиони. Десертното ќе го има околу 20 милиони килограми само во Тиквешијата-рече Златев кој е со долгогодишно искуство во земјоделството.
Нагласи дека ќе грозјето под систем за наводнување е со нормални приноси и со извонреден квалитет. Во моментов се берат трпезните сорти, а за неколку дена ќе стартува и бербата на винските сорти на грозје.
С.Д.

Додади коментар