Инвестирањето во водоснабдителниот систем ги дава очекуваните резултати. Кавадарци и населените места од општината ова лето и на над 40 степени имаат редовно и квалитетно водоснабдување. Со воведувањето на СКАДА системот се врши автоматска регулација на притисокот во водоснабдителниот систем, а постојано се следи и влезот на вода како и потрошувачката. Секој дефект навреме е откриен блгодарение на овој компјутерски систем за кој ЈП Комуналец инвестираше околу 250 илјади евра.
Денеска во посета на „Комуналец“ беше градоначалникот Алексадандар Панов. Тој заедно со директорот на ова јавно претрпијатие искажаа задоволство од беспрекорното функционирање на водоснабдителниот систем и тоа што рестрикциите на водата ова лето се конечно минато.
„Потребата од вода за пиење најмногу е изразена токму во ваквите горештини кои во континуитет повеќе од две недели се присутни во Македонија и во Кавадарци. Домаќинското работење и работењето во склад со науката се покажа и овој пат практично во ЈП Комуналец. Имаме вода и на прелив. Тоа е вишок на вода. Таа вода наскоро со одлука на совет ке ја преотстапиме на опшптина Росоман . И оваа општина ќе го реши проблемот со водоснабудвањето. Во измнинатиот период со помош на владата инсталиравме систем за нови 150 л/сек вода за пиење. ЈП Комуналец на свој трошок ги репарира филтрите во извориштето Лукр“ рече градоначалникот Панов
И покрај големата побарувачка на вода за пиење од индустријата и од граѓаните, сепак рестрикции нема. Директорот на Комуналец нагласува дека општина Кавадарци повеќе нема да има проблеми со водата за пиење како во минатото.
„Не беше лесно на почетокот кога имаше рестрикции два пати во текот на денот. Точно ги наменивме инвестициите во водоснабудвањето. Најпрво во овој СКАДА систем. Имаме 18 мерно регулациони шахти кои изминатата година дадоа добар резултат. Имавме континуирано водоснабдување. Индустријата бараше нови количини на вода и активиран е новиот водоснабдителен систем, изграден со средства на локалната самоуправа и владата. Во моментов имаме дополнителни 46 литри во секунда што моментално ги користи градот’ рече Атанасов.
САКАДА системот кој игра значајна улога во водоснабдувањето го чинел Комуналец релативно евтино, ако се направи споредба со благодетите кои се добија.
„Со 250 илјади евра се реши на некој начин проблемот со водоснабдувањето на граѓаните на општина Кавадарци. Имаме голема експанзија на градот во делот на индустријата. Локалната самоуправа и владата размислуваа визионерски, да одговориме на овие потреби и е изграден новиот водоводен ситем со капацитет од 150 литри, каде што околу 20 литри ќе ги дадеме на општина Росомна. Во тек е постапка за изградба на мерно регулациона шахта за општина Росомна. А другиот дел би одел за пеглање на шпицовите во градот, пред се за потребите на индустријата. Водоснабдувањето на граѓаните задоволува и со онаа вода што ја имаме од ЛУкар.
Директорот најавува и трета фаза од СКАДА системот. Планирани биле 3 милиони денари за нови регулациони шахти. Пред поставувањето на СКАДА се регистрирале 4-5 дефекти во текот на еден ден, а сега со поставувањето на овој систем еден до два дефекта неделно, или на две недели.
Ангел Данов
Додади коментар