Реновирани просториите на Народна техника
27-10-2015 РЕГИОН

Заврши реконструкцијата на просториите на Народна техника. Седумстотини илјади денари се потрошија за целосна замена на старите прозорци со нови ПВЦ, реконструкција на подот во сите кабинети, набавка на нови бироа и опрема за радио клубот. Парите се донација од ротари клуб Кавадарци. Сите членови беа активно вклучени во изминатиот период во проектот за реконструкција на објектот од каде во изминатиот период се профилираа многу професионалци во техничката култура.

 

Денеска членовите од ротари клубот беа во посета на Народна техника да ги погледнат реновираните простории. Сите беа задоволони од тоа што можат да го видат. Создадени се прекрасни услови за работа на клубот за ридиотелерафија, фото –кино техника, ракетно и бродомоделарство.

„ Голема благодарност до Ротари клуб Кавадарци за оваа голема донација која се состои во реновирање на поросториите, односно кабинетите и набавка на нова опрема. Во народна теѕхника многу млади ученици ги изучуваат техничките науки, кои во голем дел од нив сега се големи професионалци. Со ова реновирање кое што е прво, после изградбата, народна техника ќе продолжи да ја обавува својата дејност, за развој на млади кадри“ рече претседателот на Народна техника, Марјан Тодоров.

 

Ротари клуб Кавадарци во изминативе години реализираше повеќе проекти за подршка во заедницата. Претседателот на ротари клуб за ротаријанската 2014/2015 година, д-р Драги Јованов во чиј мандат започна реновирањето на Народна техника, рече дека сега и другите структури во општината треба да дадат свој придонес во насочувањето на младите кон корисно трошење на времето.

„ Задоволство ми е што конечно можам да кажам дека го направивме тоа што е планирано. Ќе биде од корист за сите на нас, на младите од Кавадарци за да можат паметно и корисно да го трошат своето слободно време, за развојот на техничката култура и општо за развој на културата, односите помеѓу себе и едноставно да си најдат место во општеството. Се надевам дека ова нема да застане тука. Народна техника мора да има приодонес во развојот на младите. Имаме контакти со локалната самоуправа, имаме разбирање се надеваме дека понатаму ќе продолжат и тие со одредени активности и со помош на наставничките колегиуми и наставниците кои се бават со технички науки. Со еден заеднички ангажман да се даде прилог во зголемувањето на активностите на младите и нивното присуство тука“ рече д-р Јованов.

 

Благодарност за донацијата искажа и секретарот на Народна техника, Младен Марковски. Сега со новата радио станица која ја доби радио клубот е многу полесно да се применува радиотелеграфијата.

„ Радио клубот доби донација во опрема која се состои во радио станица со исправувачи и неколку други инструменти. Со гордост можам а кажам дека сме прв радио клуб во Македонија кој има добиено нова опрема. Сите поединци или клубови купуваат половни станици. Сензација беше кога се слушна дека ке имаме нова опрема во радио клубот во Кавадарци. Благодарни сме на иницијативата на ротари клубот Кавадарци. Опремата веќе е испробавме и одлично функционира. “ рече Марковски и се надева дека сега полесно ќе можат да се собираат успеси од евроспките и светските првенства од каде и досега радиотелеграфистите освојуваа медали.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар