Во интерес на подобрата услуга кон пациентите, но и во рамки на обезбедување подобри услови за работа деновиве во зградата на Итната медицинска помош Кавадарци старите врати и прозорци беа заменети со нови. Здравствен дом етапно, но сигурно завршува со рекострукцијата за да имаме здравство какво што одамна посакуваме вели за КТВ д-р Никола Трендафилов директор на Здравствен дом Кавадарци.
Се почна во 2013 година кога првиот чекор го повлече Министерството за здравство со чија помош се работеше на промена на кровната конструкција и фасадите на работните објекти при цел здравствен дом во Кавадарци.Тргнавме од лабараторијата, оделот за детска заштита, детската стоматологија, со помошта на Кожувчанка оделот за вакцинација и еве полека со сопствени средства 2014 ја завршуваме со реновирање во зградата на Итната медицинска служба вели Трендафилов. Работите беа завршени во дадениот рок, а најповолен понудувач на тендерот овој пат беше Ми Комерц.
Се работи се во служба на нашите пационети, но и во насока на обезбедување поубави услови за работа.Ние имаме и концесионери па се трудиме и ним да им обезбедиме удобен простор за работа вели директорот на Здравствен дом.Од Трендафилов дознаваме дека работите во Здравствен дом Кавадарци овде не застануваат.Во план се ставени и трудовата медицина и селските амбуланти, но таму ќе се работи следната 2015 година. Сликата на здравствен дом несомнено се менува.Условите за работа денеска се далеку подобри од тие во кои здравството функционираше до пред неколку години.
Милица Младенова

Додади коментар