Рекорден број на нови позитивни во Кавадарци - стануваме ли ново жариште?
10-08-2020 РЕГИОН

Најголем број на нови дијагностицирани,  позитивни на корона вирус се евидентираат денеска во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци. Дури 15 нови позитивни има денеска во Кавадарци и еден во Неготино. Новите позитивни на вирусот се на возраст од 15 до 70 години.


„Двајца од позитивните на возраст од 55 и 69 годинис се хоспитализирани во болница, а останатите се на домашно лекување со лесна клиничка слика“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски од ЦЈЗ Кавадарци.

 

Тој повторно упати апел да се почитуваат сите мерки за заштита и да се избегнуваат собирања во групи.

 

Денешниот број на нови заболени е највисок во Кавадарци од почетокот на епидемијата. Се отвора прашањето дали градот станува ново жариште на вирусот во земјава?

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар