Реконструкција на фекална канализација во Глишиќ - нови метални столбчиња
25-04-2023 РЕГИОН
Во тек е реконструкцијата на фекална канализација на ул.27 Март во населба Глишиќ, во должина од 500 метри и довод на вода за спортскиот терен. Оваа инвестиција е на Ј.П. Комуналец Кавадарци по програма за 2023 година.Финансиската конструкција изнесува 6 милиони денари.
Се продолжува со поставување на метални столбчиња на бул.Кочо Рацин спој со бул.Македонија. Овие столбчиња се донација од компанијата Кожувчанка. Службите на Општина Кавадарци и во претстојниот период ќе продолжат со поставување на истите со цел безбедно и непречено движење на граѓаните.

Додади коментар