Реконструкција на улицата „8ми март“ во Велес
05-07-2014 РЕГИОН

Овие денови во тек се интензивни градежни активности за целосно уредување на улицата 8-ми Март со изградба на паркинг простор.

Во увид на улицата  беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од динамиката и начинот на изведување на работите.

-„Улицата 8-ми Март се наоѓа во централното градско подрачје, а ја користат голем број на граѓани од станбените згради и од семејните куќи од овој дел на градот. Со нејзината реконструкција ќе се реши проблемот на комуникација и паркирање.” – истакна градоначалникот Чадиев.

Инаку моментално се работи на поплочување на околу 220 метри од улицата и 400 м2 од паркинг просторот. Наредните денови ќе биде бетониран горниот дел од улицата во должина од 150 метри.

Средствата за овој градежен зафат во висина од околу 1.200.000 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите се планирани во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.

А.Д



Share

Додади коментар