Реконструкција на водоводната линија на улица „Ќиро Спанџов“ - ќе се асфалтира целата улица
06-03-2020 РЕГИОН
Според програмата на Општина Кавадарци, која предвидува асфалтирање на улица „Ќиро Спанџов“ (помеѓу ОУ Д.А. Габерот и зграда), од страна на ЈП Комуналец е извршена реконструкција на водоводна мрежа со дијаметар Ф63 од должина од 90м и реконструкција на фекална канализација Ф315 со должина од 90 м - информираат од локалната самоуправа.
По поставувањето на главните линии, реконстуркцијата, беа извршени приклучоци за водовод и канализација на зградите и на училиштетето.
Во завршна фаза е санирањето на ровот а со тоа и се поставуваат нови бетонски плочи со нови капаци на канализационите шахти.
Следно е асфалтирање од страна на Општината.
Додади коментар