Подрачното училиште во неготинското село Долни Дисан доби нов и модерен лик.За таа цел беа потрошени средства во висина од 2,7 милиони денари а наставниците и учениците добија подобри услови за одвивање и следење на наставниот процес.
Во рамките на градежните работи, беше извршена комплетна реконструкција на кровната конструкција каде стариот покрив се замени со нов при што се очекува дека во анредниот период нема да има проблеми во случај на врнежи од дожд и снег кои беа честа појава во минатото.
Во склоп на активностите поставена е и нова фасада на училиштето, а изведени се и други поситни зафати со единствена цел за подобрување на условите за одвивање на наставата. Свеченоста се одржа во рамките на одбележување на празникот на општина Неготино 8-ми ноември, а реконструираното училиште а во употреба го предадоа градоначалникот Ванчо Апостолов, директорката на ООУ Гоце Делчев и претседателот на МЗ Долни Дисан Тони Ризов.
Додади коментар