Реконструирани опожарените куќи од удар на гром
21-09-2015 РЕГИОН

Семејствата чии домови настрадаа во пожарот по удар на гром летово, веќе можат да продолжат да живеат во нив. Извршена е реконструкција. Поставена е нова покривна конструкција, а се санираа штетите и во внатрешноста. Вчера, посетата на Кавадарци министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ја искористи заедно со градоначалникот Александар Панов, пратеничката Весна Пемова, претседателката на кавадаречкиот совет, Горица Пеливанова-Вилхелм и претседателот на регионалната стопанска комора Кавадарци, Митко Јанчев да ги посетат семејствата и да согледаат како е завршена реконструкцијата на објектитие.

 

„Како резултат на заедничката акција на општината, регионалнатра стопанска комора и со финансиска подршка на Центарот за социјални работи Кавадарци и МТСП вкупно се обезбедија 30 илјади евра за целосна реконструцкија на трите куќи во кои живеат шест семејства. Веќе последиците од пожарот се целосно санирани и можам да кажам дека овие семејства можат да имаат комотен живот. Големо е задоволството кога ќе се види една состојба на реновирање и создавање на солидни услови за да живеат овие семејства“ нагласи Спасов.

 

Градоначалникот Панов рече дека е задоволен од тоа што можело да се констатира на лице место. Собраните средства се потрошени во целост за реконструкција на домовите.

„ Констаирав дека се обебзедени нормални услови за живеење. Има некои мали ситници кои ќе ги решиме со едно семејство. Остана да се изврши замена на еден ПВЦ прозор, за да сите семејства бидат крајно задоволни“ рече Панов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар