Реконструиран подот во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци
24-11-2020 РЕГИОН
Успешно е реализирана уште една фаза од реконструкцијата на зградaта на средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци - информираат од локалната самоуправа.
Во присуство на претставници од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), од општината Кавадарци, како и од изведувачот и надзорот на градежните работи, беше извршен технички прием на реконструираниот под во училиштето. Според проектот извршена е целосна реконструкција на стариот и оштетен под на трите нивоа во објектот со вкупна површина од 700 метри квадратни., каде се поставени нови плочки.
Финансиската конструкција ја обезбедиа УСАИД во износ од 998.480 денари и општината со сопствено учество од 562.000 денари. Изведувач на работите беше фирмата „АНОЛ ИМПЕКС“ од Скопје.
Проектот на УСАИД за „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ во кој е вклучена и општина Кавадарци се реализираше во средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“, а се однесува на поставување на нови подови и прозорци.
Додади коментар