Реконструиран Здравствен дом Кавадарци
20-11-2013 РЕГИОН

Во изминативе два месеци интензивно се работеше на реновирање на објектите на Здравствен дом Кавадарци. Заменаети се со нови , покривите на повеќе објекти кои се дел оваа установа. Целосно се отстранија азбесните плочи со кои беа покриени.  Покрај тоа што објектите добија подобар изглед истите станаа и целосно функционални.

Вакво посериозно реновирање се случува за прв пат по педесет години од кога биле изградени овие објекти рече директорот на Здравствен дом, д-р Никола Трендафилов.

„Привршува реновирањето. Потрошени се 2,5 милиони денари, средства од  големиот проект на државата за реконструкција на здравствените  домови во земјава. Сменета е кровната конструкција на објектот на спортска медицина, детскиот диспанзер, одноно објектит кај што се вршат систематските прегледи и вакцини. Потоа покривот на  објектот во кој се сместени приватните концесионери педијатри и лекари по училишна медицина и еден дел од брза помош и службата за детска стоматологија. Исто така  реконструирани се фасадите на овие објекти и се варосуваше внатрешноста на истите“ рече д-р Трендафилов.

Според него реконструкцијата е мошне значајна, како за пациентите така и за вработените, бидејќи функционалноста на овие објекти е на многу повисок степен. Претходно многу од објектите за време на дожд прокиснувале. Сега со промената и на прозорците се постигнала енергетска ефикасност.

Директорот е оптимист дека до  крајот на 2014 година Кавадарци ќе добие целосно реконструиран Здравствен дом.

Ангел Данов



Share

Додади коментар