Училиштето „Гоце Делчев“ како добитник на грант од програмата Еразмус плус беше дел од проектот Млади дигитални истражувачи одобрен од шпанската национална агенција. Во проектот се вклучени партнер училишта од Италија, Норвешка,Словенија, Португалија како и земјата координатор Шпанија.
Можеби изгледа дека младите луѓе и наставниците интуитивно знаат да користат технологија и затоа немаат потреба од дигитално образование но поради брзиот напредок на технологијата денес често пати би сакале да ја користи повеќе, но не знаат како. Сите партнери спроведоа истражување во нивните училишта да проверат дали учениците и наставниците се опремени со дигитални вештини и можат да ги користат во наставата: стана јасно дека младите луѓе не ги поседуваат вештините за безбедна и ефективна употреба на технологијата и вештините стекнати неформално се нецелосни. 42% рекле дека запознале странци на интернет при што во 9% од случаите, онлајн состанокот бил проследен со офлајн состанок, но само 1% пријавиле дека се загрижени или вознемирени поради овие состаноци, покажувајќи потценување на потенцијални ризици поврзани со средбата со непознати на интернет). Младите корисници на дигитални технологии обично имаат тенденција да ги преценуваат своите ИКТ вештини.
Наставниците се несигурни во нивните ИКТ вештини, се плашат да користат нови програми, нови методи, се држат до старите и добро познати наставни помагала и планови за часови.
Главната цел на проектот е да се развие посилна основа во дигиталните вештини за да може и учениците и наставниците да користат алатки и компјутерски софтвери, обезбедувајќи им на училиштата едноставни ИКТ алатки што ќе бидат забавно и лесно достапно за младите ученици и нивните наставници, претворајќи ги активностите за играње во учење и вежбање.
Секоја земја има различно искуство во користењето на ИКТ од почетници до вешти корисници. Во текот на времетраењето на проектот беа реализирани две мобилности со ученици во Цеље, Словенија и Малага, Шпанија и две мобилности на наставен кадар во Норвешка и Сардинија. Поради ситуацијата со корона вирусот, последната мобилност на наставен кадар која беше предвидена во Португалија се реализира делумно онлаин поради тоа што за половина од партнерите не беше возможно да патуваат.
За време на сите мобилности и учениците и наставниците споделија многу практики и идеи како поефикасно да се користи ИКТ во училницата, развија дигитални вештини со кои ќе се подобри безбедноста во училишните заедници, ќе се модернизира образовниот процес во училиштата вклучени во партнерството, ќе се создаде помодерна, динамична и посветена и професионална средина во училиштата.
Додади коментар