Во Кавадарци вчера се гласаше на 60 избирачки места. Регистрирана е рекордна излезност на граѓаните. Гласале 25.693 граѓани или 79,13% од вкупниот број избирачи. Од целосно обработените резултати кои ги објави ДИК, разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во оваа општина е 864 гласа. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 12.329 или 47,99% од вкупниот број гласови. За СДСМ и коалицијата гласале 11.465 граѓани или 44,62%.
ДУИ има освоени 53 гласа, Коалицијата за правда и промени 197 гласа, ЛП 122, ВМРО за Македонија 444 гласа и Левица 229 гласа.
Ако се соберат резултатите на сите опозициони партии тогаш се добива резултат кој е во благ интерес на опозицијата, или со бројки кажано 128 гласа имаат повеќе сите опозициони партии имаат заедно, 12.457 гласа наспроти 12.329 гласа кои ги има добиено коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
И во Неготино поголем број на гласови освои коалицијата „За подобра Македонија“ предводена oд ВМР0-ДПМНЕ. За оваа опција гласале 6546 граѓани на Неготино, а за СДСМ 5506. ДУИ во Неготино има освоено 30 гласа, Третиот блок 341, ВМРО за Македонија 255м и Левица 92.
Висока излезност од 82,51% е забележана и во Неготино или гласале 13.195 граѓани од вкупниот број запишани избирачи.
И во Росоман победник е ВМРО –ДПМНЕ со освоени 1492 гласа. За СДСМ гласале 1128 граѓани, или разликата во гласови е 364 гласа. На гласање во општина Росоман излегле 82,67% од вкупниот број избирачи.
393 гласа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Демир Капија. На контото на владеачката партија легнале 1513 гласа, а на опозицијата 1120 гласа. 83,50% од демиркапијци со право на глас излегле на гласање.
Со 3070 гласа предност победник во Велес е ВМРО-ДПМНЕ. Тие добиле од велешани 16.534 гласа, а за СДСМ гласале 13.464 граѓани.
Aнгел Данов
Додади коментар