Вчера попладне советот на општина Росоман ја одржа 30 та редовна седница.Едногласно на стартот и без дискусии беа прифатени поднесените барања на правните и физички лица. Жестока расправија веднаш по оваа точка предизвика извештајот за потрошените средства за празникот Духовден Прскобер 2015 година.Забелешки на истиот пронајдоа главно советниците на опозицијата, но меѓу нив јавно потенцирајќи дека не го прифаќа застана и претседателот на советот Марјанчо Пенчев.
Дали во извештајот за потрошени пари има и стари сметки,зошто во вкупната сума се и сметките од организираните турнири, колкава е сумата за преноѓевање на гостите и зошто со години ништо не е сменето во прогрмата забележаа советниците, Миленовиќ, Стошиќ, Стојанов, Ристовски и спомнавме претседателот Марјанчо Пенчев. Комисијата за образование, култура, спорт и манифестации се состана во мај, а седницата за одлука дали ќе има манифестација или не беше свикана два дена пред духовден.Ако имате креативни идеи понудете, но и учествувајте во настаните па потоа критукувајте рече од говорница претседателот на комисијата Ристо Јошев. Зошто претседателот на советот шест години по ред вели дека ништо не е сменето во манифестацијата која до минатата година трошеше по 250.000 денари, а годинава околу 180.000 е против извештајот кој значи штедење, праша советникот Јованче Јошев кој исто додаде дека ако некој сака да личи Духовден на Гроздоберот или Пивофестот треба да анализира колакав буџет може да си дозволи Росоман па да с елуксузира. Одговори речиси на сите дискусии против потрошената сума помала од донесената со одлука на претходниот совет и градоначалникот Лазов.
По дискусијата на градоначалникот со 6 гласа за и 3 воздржани беше подржан предлогот извештајот со деталните сметки да се разгледува и усвојува следната седница.Едногласно до крајот на седницата беше усвоен извештајот на комисијата за здравство, социјална заштита и јавната безбедност, одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Велес, Кавадарци, Градско и Чашка и извштајот на комисијата за земјоделие со поднесените 320 барања за обештетување од невремето.Со 8 за и 1 воздржан советот ја донесе и одлуката за дислокација на кванташкиот пазар.
Милица Младенова

Додади коментар