Регистрирани првите случаи на грип во Кавадарци
02-11-2017 РЕГИОН
Со регистрирањето на првите два случаи на заболени од грип започна сезоната на грип во Кавадарци. Од центарот за јавно здравје ги потврдија двата случаи и велат дека практично започната е сезоната на грип.
Променливото време и големата температурна разлика преку денот и ноќта е во прилог на ширење на грипот.
Во кавадаречкиот центар за јавно здравје се потрошени 760 дози вакцини против грип.
„Сите дози од вакцините кои ги имавме на располагање се потрошени. И годинава голем беше интересот кај граѓаните да се заштитат од грипот. Меѓу вакцинираните најбројни се лицата над 65 години и хронично болните“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.
A.Д

Додади коментар