Регистриран нов случај на Ковид 19 во Кавадарци
10-07-2020 РЕГИОН
Педесет и пет годишен кавадарчанец е позитивен на Ковид 19, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Лицето е на домашно лекување, а е вработено во „Дрекслмајер. По пројавените симптоми е извершено тестирање и резултатот е позитивен. “ рече за КТВ епидемилогот д-р Ристе Јовановски.
Се работи на утврдување на неговите контакти.
Ова е трет случај на вработен во „Дрекслмајер“ од почетокот на епидемијата.
А.Д

Додади коментар